Бесплатен и побрз интернет за сите: SpaceX лансира сателити за интернет во вселената

Забава Свет

Компанијата SpaceX планира да лансира сателити за интернет во текот на овој викенд, а тоа е само дел до поголемиот план кој подразбира испраќање на неколку илјади сателити во орбитата во следните неколку години.

Веќе со години основачот на компанијата SpaceX, Елон Маск, зборува околу своите планови за лансирање на неколку илјади сателити во ниска орбита, кои ќе им овозможат побрз интернет на луѓето ширум светот.

Деталите околу тие сателити во главно се чувани во тајност, но досега е познато дека првиот прототип ќе биде лансиран уште овој викенд. Станува збор за два пробни сателити, кои ќе бидат лансирани во орбита во текот на следниот викенд.

Потпретседателот на одделот за сателити во компанијата SpaceX, минатата година изјави дека компанијата планира да лансира два пробни сателити кон крајот на 2017 година и кон почетокот на оваа, а ако се помине како што треба, првиот оперативен сателит би можел да биде лансиран во 2019 година.

Компанијата потврди дека сателитите Microsat-2a и Microsat-2b, ќе бидат лансирани со помош на ракетата Falcon 9, која ќе понесе и радарски опсервациски сателит во сопственост на владата на Шпанија. Лансирањето е закажано за 17 февруари.

SpaceX планира сите свои сателити за интернет да ги лансира во орбитата до 2024 година. Тој проект ќе чини 10 милијарди долари, а Маск очекува приход кога ќе го започне новиот проект. Парите ќе ги користи и за негова повисока цел, а тоа е Марс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *