Велика Британија основа единица за борба против „лажни вести“. Еве која е нивната цел!

Свет

Велика Британија основа единица за борба против „лажни вести“. Еве која е нивната цел!

Велика Британија ќе формира единица која ќе ја зајакне борбата против лажните вести и ќе се обиде да спречи ширење на дезинформации кои ги организираат други држави, соопшти потпаролот на премиерката Тереза Меј.

Меј ја обвини Русија за мешање во изборите како и дека нејзините државни медиуми ширеле лажни приказни и фотошопирани слики во обид да ги загрозат западните институции, ан што Русија реагираше.

Русија ги отфрли обвинувањата дека се мешала во странски избори, вклучувајќи го и референдумот за Брегзит во 2016-та година и претседателските избори во САД истата година.

Потпаролот на Меј не наведе дополнителни информации за тоа како ќе функционира единицата и каде ќе биде нејзиното седиште.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *