Внимателно: Додека вие гледате телевизија, вашиот телевизор ве гледа вас!

Свет

На пазарот има се повеќе паметни телевизори, односно напредни уреди кои што покрај редовната телевизиска програма на корисниците им нудат и користење на интернет на големиот екран.

Додека произведувачите ги истакнуваат предностите на нивните паметни телевизори кои што овозможуваат видео повици, фотографирање и снимање на видеа со вградената камера, американската организација за заштита на потрошувачите “Consumer Reports” предупредува дека ваквите телевизори можат да бидат злоупотребени за некој да ве снима.

Според извештајот, сите паметни телевизори кои што биле тестирани од страна на “Consumer Reports” следеле што гледаат корисниците, а исто така некои од нив имале и сериозни безбедносни пропусти кои што би можеле да ги доведат во опасност корисниците.

Имено, хакерите релативно лесно можеле да превземат контрола над паметниот телевизор, да инсталираат апликации, да пуштаат различна содржина од интернет, да менуваат програми, да снимаат преку интегрираната веб камера и слично.

Како и да е, доколку планирате да купите или веќе поседувате паметен телевизор, размислите за инсталација на дополнителни безбедносни програми на својата бежична мрежа како на пример “Firewall”, исклучете ја опцијата за “Automatic Content Recognition” доколку постои таква можност, или пак исклучете го Wi-Fi сигналот на вашиот паметен телевизор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *