Во Македонија ќе се гради нов град, а во него ќе можат да живеат сите оние кои…

Македонија

Во Македонија ќе се гради нов град, а во него ќе можат да живеат сите оние кои…

Загадениот воздух во Скопје повторно на маса ја врати изградбата на нов град кај Свети Николе. За почеток треба да се протега на околу 500 хектари, иако првично имаше најави да биде на 2500.

Локацијата е близу селото Малино. Или со изградбата на новиот автопат Миладиновци Штип, само на 20 минути од метрополата. Физибилити студијата е готова уште во 2009-та година. Градот би требало да привлече граѓани кои работат во главниот град а сакаат да живеаат во чиста и еколошка средина.

„Таа идеја сеуште стои и се чека на реализација.“ – вели Сашо Велковски, градонаначалник на Свети Николе.

Градоначалникот Велковски очекува техничката документација и подготвителните работи за новиот град да се реализираат паралелно со изградбата на автопатот.

Освен градот, општина Свети Николе во близина планира и нова викенд населба кај селото Сопот. Тука шест парцели се веќе продадени и има инвеститор.

„Оваа викенд населба е во тек на реализација и се чека да се направи реконструкција и обнова на локалниот пат.“ – вели Велковски.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека во постоечкиот просторен план на РМ со важност до 2020 година не е предвидена изградба на нова населба на овој потег. Нејзината реализација е внесена во Програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови на Министертво за транспорт и врски донесена во 2008-та година.

Загадениот воздух во Скопје повторно на маса ја врати изградбата на нов град кај Свети Николе. За почеток треба да се протега на околу 500 хектари, иако првично имаше најави да биде на 2500.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *