Connect with us

Македонија

Груевски со шокантна изјава за Заев: Ми се одмаздува, бидејќи 11 години од мене постојано добиваше…

Денеска кривичниот суд одлучи судењето за случајот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство да се одложи за 2 февруари.

Во овој предмет обвинети се 14 лица за поттикнување насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година, меѓу кои и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

На излегувањето од судот Груевски даде изјава за медиумите во која истакна дека судењата против него претставуваат непринципелна хајка и политичка одмазда.

„Ништо ново во однос на овие предмети кои Власта и СЈО ги туркаат. Ова е непринципелна хајка и политичка одмазда. Се измислија обвиненија без докази. Потоа нелегално стекнатите материјали станаа докази. Последниот чин беше да ги сменат и судиите. За разлика од овие судења, видовте што се случува со судењето на Заев каде што судијката му се извинува. Заев ми се одмаздува за 11 години порази“, изјави Груевски.

Инаку, главната расправа за „Насилство во Центар“ треба да почне од почеток бидејќи судијката Татјана Михајлова, која го судеше Груевски и другите обвинети, е прераспоредена во друг оддел на судот. На ова денеска се согласил и обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Хаос во Скопје, во градот врие полиција, има и мртви, погледнете што се случува (ФОТО)

Хаос во Скопје, во градот врие полиција, има и мртви, погледнете што се случува (ФОТО)

Страшна сообраќајна незгода се случи денес во скопската населба Ново Лисиче во која загина моторциклист.

За инциентот информации протекоа во групата на Фејсбук „Ѕид на сообраќајниот срам“.

Она што најмногу ги погоди граѓаните е тоа што телото на загинатиот моторциклист стоел на улицата додека полицијата правела увид.

Сообраќајката се случила пред црквата во Ново Лисиче од страната на Аеродром.

Засега не е познат идентитетот на загинатиот.

Фотографијата од Ѕид на сообраќајниот срам е вознемирувачка:

 

Continue Reading

Македонија

СКАНДАЛ во Карпош! Манијак се соблекол гол , и тргнал да силува…

СКАНДАЛ во Карпош! Манијак се соблекол гол , и тргнал да силува…

Според изнесените информации од страна на полицијата, вчера во 11:30 часот во Полициската станица Карпош, О.К.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11 часот на ул. „Волгоградска“ непознат сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече.

Жената успеала да го истурка манијакот, по што тој избегал.

За многу брзо време поточно во 13:40 часот во Полициската станица Карпош и С.С. (24) од Скопје пријавила дека на истата улица во 13 часот во влез од зграда непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото.

Таа го турнала, по што тој избегал.

Continue Reading

Македонија

Се случи природен феномен! Погледнете како езерото Козјак ја промени бојата преку ноќ!

Се случи природен феномен! Погледнете како езерото Козјак ја промени бојата преку ноќ!

Поцрвене водата во Козјак, кое е најголемото вештачко езеро во Европа.

Граѓаните се зачудени од оваа појава, а од ЕЛЕМ за „Макфакс“ велат дека тоа е нормално во овој период од годината.

„Станува збор за алги, кои секоја година во овој период цветаат и се појавуваат. Тоа е природна појава“, појаснуваат од ЕЛЕМ.

Козјак е вештачко езеро во Западна Македонија. Тоа е најголемото вештачко езеро во Македонија но и во Европа, кое е сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток.

Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м.

Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска.

Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.

Езерото е создадено во 2004. година, кога започнала со работа хидроцентралата “Козјак”, со капацитет од 150 GWh просечно годишно производство на електрична енергија.

Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери.

Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 380.000.000 m³ (0,38 km³) вода.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање тврдат дека езерото е премногу валкано и поради тоа на 22 април ќе организираат чистење. Според нив, во водите има пластики и остатоци од отпад.

Continue Reading

Trending