Две жртви и над 50 повредени во двојна експлозија во Џамија во Бенгази

Свет

Две жртви и над 50 повредени во двојна експлозија во Џамија во Бенгази

Светските медиуми денес открија нови шокантни информации околу катастрофа која се случила во либискиот пристаништен град Бенгази, повикувајќи се на податоци од медицинските лица.

Како што откриваат деталите, две лица го загубиле животот, а 55 се повредени за време на двоен напад во џамија.

Инцидентотт се случил за време на молитвата во мала џамија во градот, а според информациите, експлозивните направи биле активирани од далечина преку мобилен телефон. Ова е втор напад по ред, откако пред само две недели околу 35 лица загинаа во двоен напад во друга џамија во истиот град.

Повеќе информации се очекуваат наскоро. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *