Доколку ги правите овие работи, вие сте неверојатно интелигентна личност

Забава

Доколку ги правите овие работи, вие сте неверојатно интелигентна личност…

Карактеристики кои ги красат интелигентните: Неуредност, пцовки, ја обожаваат ноќта…

Според најновите истражувања, чиј резултати се објавени во магазинот Language Sciences Journal, докажано е дека нашите навики зборуваат многу повеќе за нашата интелигенција отколку што досега се сметаше.

Имено, откриена е поврзаност помеѓу зачестените пцовки и опсегот на вокабуларот. Со други зборови, според споменатото истражување, оние кои често пцујат имаат побогат вокабулар од оние кои тоа не го прават.

-Кога се во прашање пцовките, вообичаена е претпоставката дека оние кои пцујат се мрзливи, немаат адекватен вокабулар, дека се необразовани, и дека едноставно не можат да се контролираат – стој во извештајот во кој пишува дека реалноста е целосно поинаква.

-Говорниците кои користат табу зборови ја разбираат нивната општа изразна содржина, како и суптилните разлики помеѓу нив…Способност да ја воочат благата дистинкција сведочи за пошироко лингвистичко значење – наведуваат истражувачите.

Исто така, “Independent” објави статија во која го опишува истражувањето во кое учествувале илјада студенти од универзитетот во Мадирд.

Тестирани се и испитани на основа на нивните навики поврзани со спиењето. Студиите покажале дека оние студенти кои останувале будни до доцна во ноќта во просек постигнувале повеќе резултат кај индуктивното заклучување, што е добар показател за интелигенција, успех во училиште и размислување надвор од рамките.

Помеѓу познатите ноќни птици се американскиот председател Барак Обама, Чарлс Дарвин, Пруст, Елвин Присли и останати…

Покрај тоа, студијата спроведена на Универзитетот во Минесота дојде до резултати дека личностите кои живеат во неред се покреативни од оние кои живеат во уредна околина.

Како што пишува во статијата, поголема е веројатноста дека личностите кои живеат во чиста околина се здрави и поточно, но не и креативни од оние кои работат под куп ѓубре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *