Жени, чувајте се: Од ваквите мажи бегајте што подалеку

Забава

Жени, чувајте се: Од ваквите мажи бегајте што подалеку…

Неговото животно мото е: ‘’Има премногу убави жени на овој свет за човек да биде среќна само со една!’’.

Во неговото присуство пулсот може да ви забрза, иако спонтатно можете да воочите дека негови карактеристики од кои искрено ќе се згрозите.

Кон вас се однесува како никој порано – ви разоткрива ваши слабости, неговите погледи целат право кон ваето срце и ја активираат свеста која вели дека тој е поинтензивен од досегашните мажи во твојот живот.

Интересен, опасен, дрзок, слободен, еротски настроен. Тој никогаш не е оној вистинскиот и веќе после првата ноќ заборава како се користи телефон. Од него не можете да очекувате повик.

Ќе го препознаете по тоа што не е добар за вас, иако токму таа мана го прави премногу возбудлив.

Покрај него се чувствувате посебно. Најстрашно е што ќе ви го скрши срцето, бидејќи жените му се интересни се додека не ги освои. Тој, по правило не се врзува, бидејќи во спротивно би ја изгубил привлечноста.

Не е можно ниту да се излечи, ниту да се промени, ниту пак на некоја да и изјави љубов со зборови, кои навистина доаѓаат од неговото срце.

И да сте најдобрата жена на светот, тоа нема да го спречи и понатаму да минува низ срцата на другите жени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *