Connect with us

Uncategorized

Исповед на 25 годишен македонец кој работи во Германија: Заработувам 5.000 евра месечно, но не можам да…

Исповед на 25 годишен македонец кој работи во Германија: Заработувам 5.000 евра месечно, но не можам да…

Германија за многу луѓе е ветената земја. Но, оние кои таму живеат и добиле работа истакнуваат дека животот таму воопшто не е лесен.

Такво искуство има и Емина која работи како медицинска сестра во Германија и решила да ја сподели својата приказна…

Поминаа времињата кога во Германија на оглас за работно место во болница се јавуваа по стотина луге. 58% од болниците во Германија во 2013 година имале проблем со недостаток од стручен кадар.

Сите тие барале вработени во просек од по 170 дена во годината. Емина е една девојка од Балканот, една од оние кои во болница во Германија се вработила во 2013 година со цел да најде подобра иднина за себе во најразвиената земја во Европа.

“Јас имам среќа што во 2005 и 2006 година работев во Германија како дадилка. Тоа ми помогна да го научам добро јазикот и да бидам чекор понапред пред другите кои доагаа од сите страни во светот.”

Емина моментално работи како медицинска сестра во болница во Келн. Стигната е до пола пата треба да чека уште две години за да добие официјална диплома за медицинска сестра.

”Работата не е лесна. Се грижам за многу луге дневно на кои им е потребна помош. Животот е напорен и многу треба да се трудиш за да успееш. Точно е се заработуваат и многу пари, ама тоа бара да се откажеш од многу работи и животни задоволства.

Иако се изгледа дека е прекрасно, искуствата се многу поразлични. Нема да зборувам за висината на платата, но понекогаш овде е тешко да преживееш со тие пари и да ги покриеш сите трошоци.

Кога не сум на работа или не учам, работам и дополнително со цел да заработам уште пари за подобар живот. Најчесто сум дадилка. Се надевам дека кога ќе завршам со учење, со платата ќе можам да имам подобар живот. Тешко е!

Понекогаш знам да кажам доста ми е од се, каде води ваков живот. Имам свои кризи и тогаш сум многу исцрпена. Но секогаш барем до сега во тие моменти си поставувам цел пред себе, си велам зарем ќе се откажеш на пола пат. Тоа ми дава снага да продолжам. Јас ги разбирам и младите од Балканот.

Сум била во речиси сите земји од поранешна СФРЈ и гледам дека во сите нив младината е многу слична. До неодамна и јас живеев таму. Знам како е. Но, овде се е различно. Овде нема секојдневно излегување на кафе.

Им порачувам на сите млади луге кои планираат да дојдат овде во Германија да размислат добро и да бидат спремни на големи одрекувања и жртвувања.

Овде не е толку прекрасно како што сите кажуваат. Од една страна моите блиски и пријатели знаат низ што се поминувам тука, а од друга страна лугето мислат дека сум успеала и сум се спасила што сум побегнала од Балканот. Вие сами размислете кој е во право?!”

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Uncategorized

Ова е сурвата реалност – Писмо на младата македонска изгубена генерација

Ова е сурвата реалност – Писмо на младата македонска изгубена генерација…

Станавме нација која се дебелее од леб, затоа што за месо нема пари. Станавме земја на исфрустрирани родители затоа што на децата не можеме да им овозможиме ни стоти дел од нормалните работи што ги посакуваме. Станавме земја на раскарани сопружници затоа што постојано сме под стрес, постојано нервозни, хронично несреќни.

Станавме губитници, а не ни е јасно зошто. Чесно завршивме школи, чесно ја работиме својата работа, но оваа држава не е задоволна – нè цеди додека не цркнеме и нè убедува дека така мора. Дека така треба. Дека тоа е совршено нормално. Побргу би нè погребале, но не можат додека плаќаме даноци и придонеси. Наместо да викаме „Сакаме подобро!“, ние шепотиме дека може да биде и полошо. Нема стремеж кон посреќен живот, туку само страв од поголема несреќа.

Срамно ја нарекуваат минималец најниската плата во овој дел од светот, со која не можат да се покријат ни минималните трошоци. Двајца родители на минималец, со две деца дома, се подготвуваат за купување зимски јакни како да станува збор за купување нов автомобил. Нашите работници се најобесправени во Европа.

Немаат пари да се лекуваат, да ги поправат забите, да ги зашијат чевлите. Штедат на огрев, крпат една дупка додека друга се отвора, должат за струја, за дрва, им доаѓаат извршители, стравуваат дека ќе останат и без она малку што го присобрале. А потоа се разболуваат, па и болни одат на работа, затоа што е луксуз да се отиде на боледување. За тоа време цената на трудот се зголемува три-четири денари. Нè убедија дека и тоа е нормално и дека така треба.

Ни ги понижија родителите на старост, ги натераа да копаат по контејнерите наместо по години работа да избираат бањи каде што малку ќе закрепнат, ќе ги намалат болките, ќе го подобрат здравјето. Наместо да си играат со внучињата, ги гледаат преку „Скајп“ затоа што од оваа земја заминаа сите што можеа.

Децата ни растат во уверување дека е нормално така да се живее, затоа што не знаат поинаку. За разлика од семејствата во нормалните земји, кај нас не можете да испланирате да отпатувате некаде со децата за време на празници, за децата да ви се запознат со други култури, да ги посетат знаменитостите од учебниците…

P.S Навистина не знам чие е писмово и кој го напишал ова… но веројатно е најтажната и најсуровата реалност опишана баш така како што е…

Пишува: Ивана Наскова на Фејсбук

Continue Reading

Uncategorized

Убија тројца полицајци во Арачиново, денес двајца од нив се мртви, третиот е…(ФОТО)

Убија тројца полицајци во Арачиново, денес двајца од нив се мртви, третиот е…(ФОТО)

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе втора ослободителна пресуда за Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа ослободени и обвинетите, сега веќе починати, Башким Асани и Агим Асани.

Судскиот процес за убиството на тројцата полицајци трае 18 години. На овие жители на Арачиново им се судеше затоа што, според обвинението, ги застрелале полицајците Петрушевски, Ангеловски и Готак.

По денешната ослободителна пресуда Лирим Динарица пред зградата на судот изјави дека во нивна одбрана имало 100-тина сведоци кои изјавиле дека тие немале ништо со случајот што им се ставал на товар.

-Жално е што во нашата Република Македонија, морам ова да го кажам, во затворите лежат невини луѓе. И не само во овој случај. Минавме 18 години тортура и малтретирања низ овие судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било, изјави Динарица.

Тројното убиство се случи на 11 јануари 2000 година, на влезот во Арачиново.

Шестмината обвиенти во досегашната судска постапка еднаш веќе добија ослободителни пресуди поради немање докази, но Апелациониот суд по жалба на Обвинителството ја укина првостепената пресуда и постапката ја врати од почеток.

На повторената постапка, Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт и за уште едно лице, Емрула Емрулај, а постапката беше запрена за Агим Асани кој беше убиен пред Стоковната куќа „Илинден” во февруари 2007.

Според обвинението, шестемина во доцните часови од заседа ги застрелаа полицајците Петрушевски, Ангеловски и инспекторот Готак, кои на влезот од селото учествувале во акција за пронаоѓање украдени луксузни автомобили. Тројцата полицајци беа изрешетани од автоматско оружје.

Првообвинетиот Динарица во истражна постапка го признал делото и во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот, велејќи дека признанието во истрагата го дал под присила.

Судскиот процес на почетокот се одвиваше под силно полициско обезбедување. Сега обвинетите се бранат од слобода. Во текот на овие неколку години се променија неколкумина судии кои го работат предметот.

Continue Reading

Uncategorized

Шар Планина крие страшна тајна: Досега, на Шар Планина се забележани неколку…

Шар Планина крие страшна тајна: Досега, на Шар Планина се забележани неколку…

На Косово, каде што одат мигрантите потиснати од Европската унија, врие котел во кој се наоѓаат и оние кои не сакаат, но и оние кои ги врбуваат луѓето во варварскиот „калифат“, и нарко дилери, и специјални служби на разни земји, и којзнае уште што, се наведува во репортажата на рускиот новинар Антон Љадов прикажана на ТВ каналот „Русија“

Маршутата која поголемиот број од мигрантите ја поминуваат до Косово е доста тешка и води низ планини. Сепак, на Косово нема никакви огради, поради што за нив ова е наједноставниот и најреалниот начин да се вовлечат во Европа.

Неизвесен пат низ планините

Бидејќи во планините е доста ладно, и веќе има снег, движењето е исклучително тешко. Бегалците застануваат одвреме навреме да се одморат, отварајќи атори. Тие дури не ни сфаќаат дека не само што има мечки, туку и целата оваа територија е под контрола на албански борци – вахабисти. Тука не шетаат ниту локалнте жители.

Кажано им е да не одат над 500 метри висина бидејќи оттаму почуваат кампоите за обука на екстремистите. Терористичките организации на Шар Планина постојат уште од косовската војна во 1999 година и 2001 во Македонија.
Цветко Стојчетовиќ, локален земјоделец, раскажува дека бегалците во последно време ги има се поеќе. Тие се спуштаат од планината знаејќи дека во кампот ќе им дадат се што им треба. До миграциониот центар има 60 километри. Понатаму се контрола и боликава жица. Бегалците не ги путаат новинарите. Забрането е снимање со камера и фото-апарат, дури и со диктафон.

„Одам во Англија преку Косово поради тоа што ова е слаба држава, речиси без контрола. Зарем овде би не фатиле сите нас, да го дознаат моето вистинско име? Јас на пример поминав три месеци во Саудиска Арабија. Таму многумина се обвинети за поврзаност со терористи. Во миграциониот центар не знаат дека бев во затвор. Но, сепак ме пуштаат во Европа. При крај сум со пари. А вакви како мене има во последните девет месеци повеќе стотина.

Ниту нормална храна, ниту пари. Секако, луѓето се во очај. Што преостанува?

Не пуштаат од седум изутрина до десет навечер и многумина излегуваат и бараат друг живот. Овде има организации кои ветуваат добар живот, но ги приморуваат да работат страшни работи. Ако стапиш во нивните редови, добиваш се. Такви места има многу“, раскажува Заки, еден од бегалците

Балканска претстолнина на џихадизмот

Градот Витина. Два километри од границата. Областа ја нарекуаат претстолнина на џихадизмот на Балканот. Тука се наоѓа џамија во која доаѓаат голем дел од бегалците. Оваа област потполно ја контролираат албанските групации. Џамијата се прослави со тоа што пред неколку години во неа беа поставени фотографии на Осама Бин Ладен.

„Во последно време овде има многу млади кои дошле од Алжир, Мароко. Тие прво живеат во миграцините центри, а потоа доаѓаат кај нас. Многумина ги примаат во своите станови, куќи“ вели имамот на џамијата.

Вакви џамии на бегалската рута од Грција преку Македонија кон северот на Европа е невозможно да се пребројат. Радикалниот исламизам на Балканот напредува со геометриска прогресија.

Скопје. Претстолнината на Македонија. На една од зградите има знаме, симбол на терористичката организација Ал Нусра, огранок на Ал Каеда во Сирија и Ирак. На нивен грб се илјадиници невини жртви.

Организацијата постојано добива свежа крв, форимрана и добро организирана мрежа која ја поврзува Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, опремена за спроведување на терористички напади.

Во областа во која се врбуваат младите, силите на КФОР ретко се наоѓаат. И тоа, без обзир на огромната воена инфраструктура која ја имаат на Косово, нагласува Милован Дрецун, шеф на делегацијата на парламентот на Србија во комисијата за колективна безбедност и соработка.

Лидерот на терористите во Бондстил

Американската база Бондстил. Најголемата база на Балканот. За да ја обиколите, макар првиот полигон, потребно е да препешачите километри, но судејќи по навигаторот, тука има цел град. Касарна за 7.000 луѓе, стрелишта, платформи за хеликоптери. Ова место е познато по тоа што токму тука работел човекот кој се презива Мухаџери. Овој човек во Сирија го предводи албанскиот огранок на ИСИС.

Новинарите неколкупати го прогласуваа за загинат, но според податоците на телевизиската мрежа РТК на Косово, тој не само што е жив, туку периодично извезува нови борци од Косово на територијата на Ирак и Сирија.

„Борците тука прават што сакаат и тоа пред очите на НАТО. Американците дури не се обидуваат ниту да ги следат. Погледнете ја мојата рака! Излегував од служба, седнав во автомобилот и почнаа да пукаат на мене, албански џелати, само затоа што не бев во лента. Мојата глава беше на 15 сантиметри од цевката на пиштолот.

Куршумите ми ги здробија коските. Ми ја избија вилицата. Ги собирав остатоците по патот и едвај се довлечкав до болница. Натовците беа во близина и се правеа дека ништо не забележале, а следниот дан пријдоа и прашаа што се случило. Како да не биле тука! “ објаснува православниот свештеник Драган.

Continue Reading

Trending