Македонија под снег и дожд: Ако мислевте дека до сега е лошо, погледнете што ќе се случува…

Македонија

Македонија под снег и дожд: Ако мислевте дека до сега е лошо, погледнете што ќе се случува…

За време на најновото предупредување метеоролозите најавија дека во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, но тоа нема да биде крај така што нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и во среда.

Како што веќе знаеме, снегот вчера предизвика проблеми на повеќето патни правци во Македонија, особено на Стража, каде што сообраќајот беше доста отежнат.

Според сегашните информации, снегот врне на П.Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, K.Паланка, Страцин, Маџари, Петровац, Кула, Гостивар, Кичево, М.Брод, Павлешници, Делчево-г.п. Делчево и Смојмирово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *