Македонка со писмо до гастрбајтерите од Швајцарија и Германија: Престанете да љубоморите, мојата плата е…

Македонија

Македонка со писмо до гастрбајтерите од Швајцарија и Германија: Престанете да љубоморите, мојата плата е…

Заминувањето од Македонија е тема која се повеќе и повеќе се слуша кај младите луѓе, секој знае некој што заминал или и сам размислува за тоа.

Секој си има свои причини зошто заминал, но она што најмногу нервира е нивното кукање како таму некаде е сепак многу потешко од Македонија, за што напиша и оваа девојка.

„Доаѓам од средина од која повеќето луѓе ја „запалија преку граница“ во потрага за подобар и сигурен живот. Моите родители, сестра ми и јас ја имавме таа (не)среќа да останеме во Македонија.

Од една страна им завидувам на гастербајтерите кои не мораат да се грижат за тоа дали ќе им стигне платата да го преживеат месецот, а од друга страна, мило ми е што не станав како нив – арогантна и самобендисана.

Мислам дека имам право да зборувам за оваа тема, бидејќи сум опкружена со такви луѓе. Повеќето од моите роднини живеат во Франција или Швајцарија, и секоја година морам го слушам нивното кукање, жалење и да го трпам нивниот потсмев.

Кога доаѓаат во јули и август, моето место се полни со луѓе кои со децении живеат преку граниица. Улиците ги завземаат бесни коли, а ние „домашните“ сме во втор план и често низ населбата се слуша како се зборува странски јазик.

Тоа од секогаш ме нервираше кај нив.

Како дете многу сакав да се дружам со нив, да играм кошарка или одбојка со нив во школскиот двор или да возиме велосипеди низ населбата, али секогаш се чувствував како странец и гледав како „теле во шарена врата“ додека тие меѓусебно разговараа на за мене непознат јазик. Понекогаш мислев и дека ме оговараат. Реално, се гледавме еднаш годишно и немав многу заеднички теми за разговор.

Секоја година доаѓаа со различни автомобили, на себе носеа брендирана гардероба, најнови патики и мобилни телефони. На километар можеше да се забележи дека се гастербајтери.

Како што кажав, повеќето мои роднини живеат во некоја западноевропска земја. Признавам, секогаш се јавуваат кога ќе дојдат во Македонија на одмор, после некој одмор на некоја егзотична дестинација.

Да, тие секогаш имаат пари за летување, зимување, бесни коли, брендирана гардероба иако таму „многу тешко се живее“, „тешко се најдува работа“, „и тие ни завидуваат на нас во Македонија, кои уживаме, можиме да излегуваме, да пиеме кафе кога ќе посакаме“. Ма немојте!

Зошто тогаш сте останале таму каде што сте ? Зошто не се вратите во Македонија ? Вистината е дека не излегуваме толку често како што мислите вие, не висиме по кафичи и дискотеки и не пиеме кафе по цел ден…бидејќи едноставно немаме пари!

Секако дека нема да се откажете од сигурниот живот, платата на крајот од месецот, патувањата и сето она што во Македонија го немаме. Одиме и ние на море, ама ги бираме термините вон сезона, најефтините аранжмани и смешен смештај. Ама не можеме да се опуштиме ни на море, бидејќи знаеме дека нема да имаме пари да истераме до крајот на месецот кога ќе се вратиме во „реалноста“.

Ако мислите дека уживаме што завршивме факултет, а немаме работа, тоа што прифаќаме било каква работа бидејќи ни требаат пари за да ги платиме сметките, да му купиме на децата јакни и чевли, тоа што работиме за 15 – 20 000 денари, тогаш добро, ние најмногу уживаме!

Ова е правата слика на животот на преживување во Македонија, затоа престанете да кукате дека вас ви е лошо, ако беше така одамна ќе се вратевте.

Мислите дека ние не сакаме егзотични дестинации, скапи работи и добри автомобили? Ама за нив можеме само да сонуваме. Или да ве гледаме вас како уживате во нив и ги трошите „тешко заработените пари на западот“.

Затоа ве замолувам, престанете да КУКАТЕ и да ни „ЗАВИДУВАТЕ“, од тоа ни е само полошо.

Писмо од анонимна читателка на mk-in.de

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *