Најновиот Самсунг С9 ќе има две нови функции кои најновиот Ајфон ги нема!

Забава

Најновиот Самсунг С9 ќе има две нови функции кои најновиот Ајфон ги нема!

Самсунг својот најнов премиум телефон ќе го претстави на 25-ти февруари, а се чини дека Галакси С9 ќе има работи кои Ајфон ги нема – барем не досега.

Многуте гласини и фотографии кои испаднаа неофицијално досега во јавноста ни дадоа прилично добра слика за тоа што можеме да очекуваме кога се во прашање С9 и С9+ телефоните, вклучувајќии дизајн, хардвер и цена.

Но тоа не значи дека нема да се појави уште некој интересн детал.

Како одминува времето, деталите стануваат се поинтересни.

Најновите слики прикажуваат 2 работи кои фалат кај најголемиот ривал на Самсунг.

На Твитер се појавија слики на кои се гледа еден од најважните додатоци кои Самсунг ќе го продава за овој модел. Тоа е новиот DEX PAD.

Бројните гласини тврдат дека компанијата ќе го замени SEX DOCK кој следеше со Галакси С8 со новиот DEX пад кој на своите корисници ќе им овозможи својот телефон да го претворат во тастатура кога е тој во Андроид ПС мод.

Трансформацијата на телефонот во десктоп компјутер со помош на единствениот додаток е нешто што Ајфон дефинитивно не може.

На сликите исто така се гледа уште една работа која Ајфон Икс ја нема – 3.5мм џек за слушалки.

Ова дефинитивно ќе ги израдува многу потенцијални купувачи поради тоа што со С9 и С9+ ќе можат да ги користат своите стари слушалки, а не да купуваат безжични.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *