Ова се момчето и девојката кои починаа на Кајмакчалан во Грција (ФОТО)

Македонија

Ова се момчето и девојката кои починаа на Кајмакчалан во Грција (ФОТО)

Денес медиумите открија шокатни информации околу двајцата планинари кои го загубија својот живот на Кајмакчалан. Нивните тела биле извлечени од врвот на Кајмакчалан, а веднаш потоа ќе бидат пренесени кон скијачки центар во Грција, според информациите објавени од страна на државната агенција МИА.

Деталите кои ги откри грчата противпожарна служба велат дека двајцата планинари од Македонија загинале на врвот на планината Ниџе во Грција, најверојатно по пад во бездна.

Се работи за девојка на возраст од 25 години и маж на возраст од 35 години. Од Дирекцијата на Центарот за заштита и спасување во Битола, соопштија дека околу 50 млади планинари од Скопје биле на прошетка на планината во Грција на потегот од Лутраки кон Кајмакчалан, а вечерта 48 од нив се вратиле.

Веднаш по пријавувањето започнала спасувачка акција со три возила и 13 спасувачи, а доцна во ноќта, планинарите биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *