Погледнете како ќе се вика Битола, доколку Македонија го промени името (ФОТО)

Македонија

Скандалозни информации неодамна испаднаа во јавноста кои откриваат детали околу можна промена на името на градот Битола.

„Топонимите често можат да бидат инструмент за пропаганда – експанзионизам и тоа на автопат кој делумно беше финасиран од Европската унија“, прашува и констатира Павлос Воскопулос Филипов член на партијата „Виножито“ која е членка на Европската слободна алијанса (ЕФА).

Кога Ципрас зборува дека предуслов за пријателство е да се осудува иредентизмот и слични експанзионистички политики против Грција во Република Македонија, дали грчкиот премиер има желба и став да интервенира и да ги промени патните табли на автопатот кон Меџитлија?, пишува Република.

Воскопулос пишува дека порано на патоказите стоел зборот Битола, напишан на грчки и на англиски, но по интервенција на некои „кругови“, властите го смениле во сегашното Монастири.

Тој дури наведе дека и во „историските книги се споменува дека ‘за жал’ грчката војска не успеа да го ослободи Монастири во 1913 година“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *