Погледнете што треба да направите, доколку пронајдете паричка на некој гроб (ФОТО)

Uncategorized

Погледнете што треба да направите, доколку пронајдете паричка на некој гроб…

Што значи доколку пронајдете монета на нечиј гроб?

Американските воени ветерани имаат посебен статус во општеството а нивните паднати соборце се предмет достоен за почит. Воените гробишта се посебни места кои Американците ги почитуваат.

Така, како израз за почитување се врежало правилото посетителите да фрлаат монети крај имињата на паднатите војници.

Купот монети редовно ги пронаоѓал Дејв Малефант, чистач на едни воени гробишта во САД. Го заинтересирало и се распрашал што значи фрлањето на монети на гроб.

Четврт долар има најголема тежина

Се работи за монета која пренесува порака до и од семејството на паднатиот војник. Значи некој бил на гробот и изразил почит кон војникот кој загинал за татковината.

Не е исто кога на крај на надгробната плоча стои монета од четврт долар или едно пени.

“Пенито значи дека некој го посетил гробот. Монетата од пет цени, таканаречена никел, значи дека гробот го посетил некој кој бил на обука со загинатиот.

Десетн центи, таканаречната диме, значи дека служеле заедно со оној кој го посетил гробот. Четврт доларот е навистина значаен. Тој значи дека посетителот бил присутен кога тој војник загинал” раскажува Дејв.

Симболичен, но и силен гест, на кој Американците се потсетуваат на своите жртви и им одаваат почит на војниците кои гинат за слободата и безбедноста на својот народ.

Погледнете ја фотографијата во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *