Путин го остави светот без зборови: Немал паметен телефон, а интернетот го…

Свет

Путин го остави светот без зборови: Немал паметен телефон, а интернетот го…

Далеку од тајна е фактот дека ретко кој од нас може да издржи долго време без својот телефон, а додека ние не можеме да се замислиме, Рускиот претседател Владимир Путин (65) вели дека воопшто нема телефон.

Тој себеси се претставува како „технофоб” и открива дека никогаш не користи Интернет, а кога станува збор за важните информации тој сака информациите да му пристигнуваат од неговите најблиски соработници.

Својата оддалеченост од современите технологии тој ја истакна за време на состанокот со научниците и академците во Сибир, по изјавата на членовите на институтот за нуклеарно истражување за тоа како  „денеска секој има паметен телефон во џебот“.

– „Велите дека сите имаат паметен телефон, но јас го немам”, истакнал низ смеа Путин.

Тој исто така истакнал дека Интернет проектот на ЦИА е место за порнографија, и истакнал дека за разлика од Трумп кој е „опседнат со Твитер“, тој немал апсолутно никаков интерес кон социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *