Connect with us

Забава

Сите се чудиме зошто зајакот се користи за велигден! Еве ја вистинската причина!

Сите се чудиме зошто зајакот се користи за велигден! Еве ја вистинската причина!

Нема кој не се радува на овие Велигденски денови кога се шарат јајца и се споделуваат истите со своите најблиски.

Речиси сите знаеме зошто јајацето се користи за овој ден.

Јајцето како симбол на Велигден се користи поради тоа што асоцира на нов живот односно на новото раѓање на Исус Христос.

Но сите можеме да забележиме дека јајцата покрај со интересните шарени бои се декорира и со зајаци.

Сите сме се запрашале зошто е тоа така односно зошто зајакот се користи за Велигден?!

Зајаците се животни кои може да се најдат насекаде, во сите држави и континенти освен на Антартикот.

Како животни познати се по брзото размножување, а најактуелен период за тоа им е на пролет, а добропознато е дека и Велигден секогаш паѓа во пролет.

Како резултат на нивната плодност и нивната активност во ова годишно време, зајаците станале симбол на пролетта и новиот живот.

Но и ова не е единствената причина.

Долго време луѓето верувале дека зајаците се хермафродити и дека можат да зачнат без да ја изгубат невиноста.

Ова верување започнало уште од старите Грци и се одржало дури до раниот среден век.

Покрај тоашто зајакот можеме да го забележиме за Велигден исто така можеме и да ги забележиме и како асоцијација за Дева Марија, поради тоа што се верувало дека и тој може да затрудни без да ја изгуби невиноста.

Поради ова зајакот има двојно значење, едно како симбол на плодноста и пролетта и второ како симбол за невиноста на Дева Марија.

Се верува дека зајакот бил популаризиран како симбол за овој период од годината од страна на германските протестанти, па така кога тие емигрирале во американските колонии во 18 век, верувањето се раширило низ цела северна Америка, а подоцна со маркетингот, слично како Дедо Мраз, се проширило и низ целиот свет.

Кокошкините јајца за Велигден се друг независен симбол којшто има слично значење со зајакот, па така со тек на времето двата симболи се споиле во еден, со цел да се анимираат децата во целата религиозна прослава за Исусовото воскреснување.

Така јајцата почнале да се фарбаат во силни бои, а зајакот почнал да ги крие, за да ги најдат добрите деца.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Забава

Најјаката првоаприлска шега досега направена! Реакцијата на нејзиниот татко е непроценлива (ВИДЕО)

Најјаката првоаприлска шега досега направена! Реакцијата на нејзиниот татко е непроценлива (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави вирално видео во кое девојка со име Савана Ајас од Тексас во куќата во која таа живее со семејството, нејзиното момчеја побарало за жена и тоа пред нејзиниот татко.

Ова „запросување“ се случило за први април и всушност е првоаприлска шега на која татко то на девојчето многу добро „наседнува“.

Неговата реакција е она што ја заинтересира целата јавност. Иако да бидеме реални, гледајќи на тоа колку се мали „младите“ па и секој родител би изреагирал на тојначин.

Што е уште поинтересно целиот настан во кој момчето клекнува и ја запросува неговата девојка пред целото нејзино семејство, го снима мајката на девојчето а може да се забележи дека главен кадар е таткото.

Неверување и зачуденост дали ова стварно се случува, е реакцијата на таткото.

На видеото се слуша како мајката бара тој да искоментира нешто но тој буквално е занемен и останат без зборови.

На крајот, сите извикуваат „први април“ односно дека се работи за првоаприлска шега по што сигурно на таткото му олеснило.

Неговата ќерка го објавила видеото на Твитер со порака дека добро го прелажала својот татко.

Целата ситуација која е преточена во видео е прегледана повеќе од 5,5 милиони пати.

Погледнете ја целата ситуација:

Continue Reading

Забава

Секогаш имајте еден од нив покрај вас: Ова се најпозитивните хороскопски знаци кои го сакаат животот!

Една од најтешките работи што човек треба да ја направи е да остане позитивен кога изгледа дека сè околу него се распаѓа. Ова е навистина тешка задача, но овие 3 хороскопски знаци ќе го направат тоа без никакви проблеми.

Овен

Овните се добри луѓе, можат добро да ги пресудат работите и секогаш ги извлекуваат и негативните и позитивните нешта од секоја ситуација. Никогаш нема да ги видите депресивни само затоа што го гледаат животот од својата светла страна. Покрај тоа, повеќето Хороскопски знаци се активни и лесно можат да добијат ендорфини, благодарение на танцување, велосипедизам или други интензивни вежби.

Лав

Позитивизмот на Лавот лежи во фактот дека знаат колку е важно да бидат благодарни за она што го имаат. Тие можат лесно да наведат најмалку 5 работи кои ги прават среќни секој ден. Тие сакаат, понекогаш и премногу, но таа љубов го отвора прозорецот кон светот. Тие се чувствуваат задоволни и корисни кога се вклучуваат во добротворни иницијативи и волонтерски организации.

Близнаци

Близнаците се вечно насмеани и изгледаат навистина среќни. Тајната на нивниот позитивен став кон животот е дека тие се бескрајно отворени за светот. Кога се чувствуваат тажни, сакаат да разговараат со пријателите и брзо ги враќаат на светлата страна на животот. Во принцип, тие гледаат кон иднината со очекување и надеж, без разлика што им се случува во сегашноста.

Извор: zenskimagazin.mk

Continue Reading

Забава

Дами внимавајте: Доколку ги покажува овие знаци, тој ќе ви го скрши срцето!

Пребрзо зближување

Само што се запознавте, а тој веќе сака да го знае секој детаљ од вашиот живот, од тоа какво детство сте имале до список на вашите поранешни партнери. Но тоа не значи дека е искрено заинтересиран за вас, а најдобро го издава темпото со кое ја споделува својата интима. Доколку само ве испрашува, а за себе не говори ништо, тогаш нешто не е во ред.

Вашето тело не реагира

Понекогаш и вашето тело може да ви испрати сигнали дека тој не е за вас. Некои реакции не можете да ги контролирате, а доколку почувствувате тензија во градите или било каква друга непријатност секој пат кога сте со него, тоа може да биде вроден инстинкт кој ви вели да раскинете со него.

Зборува едно, а прави друго

Доколку неговите зборови не се проследени со дела, тоа е јасен знак дека не можете да му верувате. Доколку забележите дека тој зборува едно, а прави друго, едно е сигурно – вие на крајот ќе останете разочарани.

Непредвидлив е

Прво ве опсипува со комплименти и ви симнува ѕвезди, а потоа два дена подоцна воопшто не ви одговара на вашите пораки и повици? Таквото однесување укажува на маж на кој не можете да се потпрете и кој не ве заслужува бидејќи има големи шанси емотивно да останете повредени.

Continue Reading

Trending