Connect with us

Македонија

Скопје е вистински хаос: Погледнете што се случува, додека граѓаните умираат, некој постојано ги…

Скопје е вистински хаос: Погледнете што се случува, додека граѓаните умираат, некој постојано ги…

Во период на висока загаденост некој намерно ги потпалува скопските контејнери!

 Статистиките покажуваат зголемена фреквенција на намерно запалени контејнери. Изминативе неколку месеци, често може да се забележат контејнери кои горат, најмногу во централното градско подрачје. Статистиката вели дека во 2016 година се регистрирани 139 запалени контејнери, од кои како намерно запалени се евидентирани вкупно 72.

Во последното тромесечие од 2017 година од страна на противпожарната единица на Град Скопје извршени се 48 интервенции, од кои како намерно палење запишани се 42 интервенции на контејнери. Во 2018, од вкупно 17 интервенции дури 11 се евидентирани како намерно палење. Притоа, изминативе 4 месеци предизвикана е штета од околу 700 000 денари, односно повеќе од 11илјади вреден имот на граѓаните.

„Изминатиов период забележано е зголемување на бројката на запалени, а воедно и бројката на намерно запалени контејнери, особено во вечерните часови. Има случаи во коишто цел ред контејнери е запален наеднаш. Граѓаните пријавуваат вакви случаи во кол-центарот на телефонскиот број 193, по што Противпожарната единица веднаш реагира, меѓутоа, се предизвикуваат големи штети.

Најчести вакви случаи има во централното градско подрачје, каде што е најмала концентрацијата на семејства кои се затоплуваат на дрва, што ја исклучува можноста пожарот да е предизвикан од остатоци од жар“-изјави командирот на БППЗ.

Од Град Скопје изјавуваат дека постојат индиции кои упатуваат на тоа дека несовесни граѓани постојано ги палат контејнерите, а материјалната штета која ја предизвикуваат најчесто е на товар на градот, бидејќи сторителите не се познати.

Од таму додаваат дека комуналните инспектори на градот се на терен и прават се што е во нивна надлежност овој проблем да биде решен.

Надлежните од Градот апелираат до граѓаните да ги пријавуваат сторителите бидејќи контејнерите за смет се опрема која на сите им е потребна, а несовесното однесување треба да биде казнето.

Запалената пластика и смет од контејнерот емитува штетни пм10 честички во воздухот, горејќи пластика, шут, хартија, најлони и сл. што дополнително го зголемува загадувањето на воздухот.

Кој ги пали контејнерите, особено во период на голема загаденост на амбиенталниот воздух? Дали се работи за несовесност на поединци или организирана група граѓани? Ова се прашања на кои институциите дополнително ќе мора да најдат одговори.

Извор: skopje24.mk

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Хаос во Скопје, во градот врие полиција, има и мртви, погледнете што се случува (ФОТО)

Хаос во Скопје, во градот врие полиција, има и мртви, погледнете што се случува (ФОТО)

Страшна сообраќајна незгода се случи денес во скопската населба Ново Лисиче во која загина моторциклист.

За инциентот информации протекоа во групата на Фејсбук „Ѕид на сообраќајниот срам“.

Она што најмногу ги погоди граѓаните е тоа што телото на загинатиот моторциклист стоел на улицата додека полицијата правела увид.

Сообраќајката се случила пред црквата во Ново Лисиче од страната на Аеродром.

Засега не е познат идентитетот на загинатиот.

Фотографијата од Ѕид на сообраќајниот срам е вознемирувачка:

 

Continue Reading

Македонија

СКАНДАЛ во Карпош! Манијак се соблекол гол , и тргнал да силува…

СКАНДАЛ во Карпош! Манијак се соблекол гол , и тргнал да силува…

Според изнесените информации од страна на полицијата, вчера во 11:30 часот во Полициската станица Карпош, О.К.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11 часот на ул. „Волгоградска“ непознат сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече.

Жената успеала да го истурка манијакот, по што тој избегал.

За многу брзо време поточно во 13:40 часот во Полициската станица Карпош и С.С. (24) од Скопје пријавила дека на истата улица во 13 часот во влез од зграда непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото.

Таа го турнала, по што тој избегал.

Continue Reading

Македонија

Се случи природен феномен! Погледнете како езерото Козјак ја промени бојата преку ноќ!

Се случи природен феномен! Погледнете како езерото Козјак ја промени бојата преку ноќ!

Поцрвене водата во Козјак, кое е најголемото вештачко езеро во Европа.

Граѓаните се зачудени од оваа појава, а од ЕЛЕМ за „Макфакс“ велат дека тоа е нормално во овој период од годината.

„Станува збор за алги, кои секоја година во овој период цветаат и се појавуваат. Тоа е природна појава“, појаснуваат од ЕЛЕМ.

Козјак е вештачко езеро во Западна Македонија. Тоа е најголемото вештачко езеро во Македонија но и во Европа, кое е сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток.

Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м.

Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска.

Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.

Езерото е создадено во 2004. година, кога започнала со работа хидроцентралата “Козјак”, со капацитет од 150 GWh просечно годишно производство на електрична енергија.

Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери.

Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 380.000.000 m³ (0,38 km³) вода.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање тврдат дека езерото е премногу валкано и поради тоа на 22 април ќе организираат чистење. Според нив, во водите има пластики и остатоци од отпад.

Continue Reading

Trending