Турскиот претседател Ердоган, објави шокантни информации за сирискиот претседател: Тој е виновен за…

Свет

Турскиот претседател Ердоган, објави шокантни информации за сирискиот претседател: Тој е виновен за…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече својот сириски колега Башар Ал Асад – терорист кој е одговорен за смртта на милион Сиријци.

Претседателот на Турција порача дека Анкара продолжува да се залага за симнување од власт на претседателот на Сирија, Башар Ал Асад.

„Невозможно е да се продолжи со Асад. Тој е виновен за смртта на околу милион сириски граѓани. Тој дефинитивно е терорист кој што изведе државен тероризам. Зарем сирискиот народ после сето тоа сака да го види на чело на државата?“, изјави Ердоган на конференцијата за медиумите за време на неговата посета на Тунис.

Турција, заедно со Русија и коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави, се обидуваат да го обезбедат „мирот и спокојот“ во Сирија, изјави Ердоган и потсети дека се одвиваат преговори за мирно решение во Женева и Астана.

Сепак, турскиот претседател не кажа дека од сите присутни сили во Сирија, само Русија има официјална дозвола за присуство на армијата, а за сириската власт силите на Турција и САД и натаму се окупаторски сили кои што спротивно на сите меѓународни закони упаднаа во Сирија без никаква дозвола.

„Со Асад нема да има мир во Сирија“, порача турскиот претседател, па ќе биде интересно да се види каква ќе биде реакцијата на Башар Ал Асад, кој има целосна поддршка од Русија.

Ердоган претходно не ги исклучуваше контактите со сириските власти во иднина, во врска со спротиставувањето на силите за самоодбрана на сириските Курди. Поради тоа, аналитичарите сметаат дека на Ердоган му е погодна промена на власта во Дамаск, со цел да го реши „проблемот“ со сириските Курди.

Имено, сириските Курди кои што оформија свои вооружени единици за одбрана од џихадистите на Исламската држава, за Турција и Ердоган се терористичка организација која што е тесно поврзана со турската Работничка партија на Курдистан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *