Хаос во Прилеп, повеќе од 200 лица се заглавени, откако се урна…(ФОТО)

Македонија

Хаос во Прилеп, повеќе од 200 лица се заглавени, откако се урна…

Повеќе од 200 туристи од Прилеп се заглавени во прилепското село Стровија откако се срушил мостот на патот во близина на селото Гостиражни.

Според  мештаните, неколку автобуси што ги превезувале луѓето кон манастирот ,,Св.Недела” во Стровија не можат да се вратат за Прилеп поради свлечиште на асфалтот и рушење на мостот.

Како што велат за локалнит емедиуми , Општина Долнени испратила механизација за санација на свлечиштето, но оттаму,  не потврдуваат колку време ќе биде потребно за да се обезбеди мостот и автобусите да преминат од другата страна.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција и екипа од ПС Ропотово веќе е излезена на терен.

– Околу 10 часот утрово добивме пријава за паднатиот мост и нашите тимови веднаш излегоа на терен. Сообраќајот помеѓу селата Гостиражни и Стровија е во прекин, но мостот може да се премине пеш – информираат од МВР.

Мештаните го пријавиле инцидентот и во Кризниот штаб во Прилеп, но како што велат, засега нема пристигнато никаква помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *