Шокантно видео: Погледнете како ги извлекуваа мртвите тела на македонските планинари (ВИДЕО)

Македонија

Шокантно видео: Погледнете како ги извлекуваа мртвите тела на македонските планинари…

Видео од извлекувањето на мртвите тела на двајцата млади планинари од Скопје, кои вчера ги загубија животите искачувајќи се на врвот Кајмакчалан од грчка страна, објави грчката противпожарна бригада.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Во продолжение прочитајте ја статијата поврзана со македонските планинари кои загинаа во Грција:

Вистинска убавица, девојка која живееше за авантури: Ова е девојката која почина на Кајмакчалан…

Дваесет и шестгодишната Калина Велевска е девојката која загинаа на Кајмакчалан.

На неа и на уште едно момче, на возраст околу 35 години вчера им се губи трагата откако почнале да се искачуваат на планината, а биле со поголема група на луѓе. Идентитетот на момчето се уште не е познат.

Грчките медиуми, пак, објавија дека маж на 35-годишна возраст и девојка на 26 години се пронајдени починати во областа Свети Илија на Кајмакчалан. Се смета дека тие се изгубиле низ планината односно се одделиле од групата планинари.

Телата на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан денеска се пренесени во болницата во грчкиот град Јаница (Ениџе- Вардар), откако беа извлечени од спасувачките екипи, јавиа МИА.

Смртта на 26 – годишната К.В. и 35 – годишниот А.М, ја потврди и грчката противпожарна служба, која помогна во извлекувањето на телата на настраданите.

Починатите биле членови на планинарскиот дом „Трансверзалец“.

6 годишната Калина Велевска, член на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“, прерано го заврши својот млад живот на врвовите на Кајмакчалан…таа вчера целосно им се предаде на планините…

Која е Калина Велевска?

Калина Велевска, по пад во бездна, загина на Кајмакчалан заедно со 35 годишниот А.М.

Калина и самата беше дел од екипата и сведок на драмата која се случи при нивното патешествие одејќи кон Титов Врв на Шара во 2016 година, кога дел од нејзините другари го грееа со своите тела 17 годишното момче кое падна во бездна, додека да дојдат спасувачите.

Калина Велевска тогаш напиша:

,,Планината не прави среќни, ни ги трга секојдневните грижи, прави да се чувствуваме убаво, ни буди најубави емоции.Сепак, не смееме да заборавиме на нејзината моќ, на нејзината големина и никако не смееме да и водиме инает“…напиша таа по повод овој немил настан. Што од сето ова се случи вчера на Кајмакчалан, знаат само Калина и нејзиниот сопатник на патот кон бесконечноста.

Калина Велевска, во својот кус, но исполнет со бројни доживувања и авантури живот, ќе остане запаметена по својата нескротлива природа и љубов кон природата и планините. Своите доживувања ги бележеше во серија написи ,,Од дневникот на една планинарка“. Нека почива во мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *