Connect with us

Забава

Што ве очекува денес според хороскопот?! Некои знаци ќе бидат добитни на повеќе полиња

 

Што ве очекува денес според хороскопот?! Некои знаци ќе бидат добитни на повеќе полиња

Водолија

Бидете трпеливи и не трошете ја енергијата залудно. Еден од најубавите периоди штотуку доаѓа, па фокусирајте се на тоа.

Со прифаќањето на вашата моментална финансиска состојба ќе отидете чекор напред.

Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми

Шкорпија

Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На некој член од вашето семејство ќе му бидат потребни пари и ќе побара од вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози.

Бик

Она што ќе ве израдува денеска е веста дека онаа личност која ви се допаѓа ги прашувала вашите пријатели за вас.

Доколку ја зграпчите можноста која ви се пружа, нова летна романса е на повидок. Вечерва опуштете се со чаша црвено вино.

Близнаци

Доколку во брзо време не обрнете внимание на вашата работа  и должноста што ве повикува, постои ризик од губење на моменталното работно место.

Во врска со онаа одлука за која се двоумите, само послушајте го вашиот внатрешен глас и ќе знаете точно како треба да постапите.

Рак

Денес целосно посветете му се на партнерот. Веќе некое време ви се заладени односите, па би било добро доколку денес се обидете са изнајдете решение како врската да ви биде како порано. Можеби клучот е во заедничкото патување.

Лав

Сe повеќе ве прават нервозни некои ситуации во вашето семејство.

На некои коментари треба да останете глуви и да премолчите, наместо да создавате уште понапната ситуација.

Обидете се да го извлечете најдоброто од себе подготвувајќи вкусен специјалитет.

Овен

Со вашата работа и зафатеност ја плаќате цената на пријателството.

Не дозволувајте да ги загубите вашите пријатели поради вашата работохоличност.

Наместо да се жалите со изговорот дека сте уморни, по завршувањето на работните часови, одвојте време за попладневно кафе.

Девица

Можеби љубовниот живот ви стагнира, но затоа на професионално поле сѐ ви цвета, а и омилени сте меѓу вашите пријатели.

Обидете се од секоја ситуација да го извлечете најдоброто и ќе видите дека и љубовта ќе биде на ваша страна.

Вага

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сe уште не знаете кои ви се приоритетите.

Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите.

Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

 

Стрелец

Денот посветете го на одмор за потоа со наполнети батерии да можете да ги извршувате сите обврски кои ве очекуваат.

Ќе посветите доволно време на вашиот партнер, и поради тоа љубовта ќе ви биде возвратена.

Во средина на денот ќе добиете пријатно изненадување кое ќе го подобри вашето расположение.

Јарец

Вашите среќни денови допрва доаѓаат. Овој вторник дозволете си шопинг и некој козметички третман.

Ќе се чувствувате толку убаво во вашата кожа, со што ќе плените на ноќните излегувања.

Но, треба да обратите големо внимание и на вашата исхрана.

 

Риби

Ве очекува повик од личност која го повредила вашето его во минатото, па денеска ќе имате можност да ги израмните сметките.

Посветете повеќе внимание на вашето семејство, во последен период поради вашите љубовни проблеми се одалечивте од сите.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Забава

Најјаката првоаприлска шега досега направена! Реакцијата на нејзиниот татко е непроценлива (ВИДЕО)

Најјаката првоаприлска шега досега направена! Реакцијата на нејзиниот татко е непроценлива (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави вирално видео во кое девојка со име Савана Ајас од Тексас во куќата во која таа живее со семејството, нејзиното момчеја побарало за жена и тоа пред нејзиниот татко.

Ова „запросување“ се случило за први април и всушност е првоаприлска шега на која татко то на девојчето многу добро „наседнува“.

Неговата реакција е она што ја заинтересира целата јавност. Иако да бидеме реални, гледајќи на тоа колку се мали „младите“ па и секој родител би изреагирал на тојначин.

Што е уште поинтересно целиот настан во кој момчето клекнува и ја запросува неговата девојка пред целото нејзино семејство, го снима мајката на девојчето а може да се забележи дека главен кадар е таткото.

Неверување и зачуденост дали ова стварно се случува, е реакцијата на таткото.

На видеото се слуша како мајката бара тој да искоментира нешто но тој буквално е занемен и останат без зборови.

На крајот, сите извикуваат „први април“ односно дека се работи за првоаприлска шега по што сигурно на таткото му олеснило.

Неговата ќерка го објавила видеото на Твитер со порака дека добро го прелажала својот татко.

Целата ситуација која е преточена во видео е прегледана повеќе од 5,5 милиони пати.

Погледнете ја целата ситуација:

Continue Reading

Забава

Секогаш имајте еден од нив покрај вас: Ова се најпозитивните хороскопски знаци кои го сакаат животот!

Една од најтешките работи што човек треба да ја направи е да остане позитивен кога изгледа дека сè околу него се распаѓа. Ова е навистина тешка задача, но овие 3 хороскопски знаци ќе го направат тоа без никакви проблеми.

Овен

Овните се добри луѓе, можат добро да ги пресудат работите и секогаш ги извлекуваат и негативните и позитивните нешта од секоја ситуација. Никогаш нема да ги видите депресивни само затоа што го гледаат животот од својата светла страна. Покрај тоа, повеќето Хороскопски знаци се активни и лесно можат да добијат ендорфини, благодарение на танцување, велосипедизам или други интензивни вежби.

Лав

Позитивизмот на Лавот лежи во фактот дека знаат колку е важно да бидат благодарни за она што го имаат. Тие можат лесно да наведат најмалку 5 работи кои ги прават среќни секој ден. Тие сакаат, понекогаш и премногу, но таа љубов го отвора прозорецот кон светот. Тие се чувствуваат задоволни и корисни кога се вклучуваат во добротворни иницијативи и волонтерски организации.

Близнаци

Близнаците се вечно насмеани и изгледаат навистина среќни. Тајната на нивниот позитивен став кон животот е дека тие се бескрајно отворени за светот. Кога се чувствуваат тажни, сакаат да разговараат со пријателите и брзо ги враќаат на светлата страна на животот. Во принцип, тие гледаат кон иднината со очекување и надеж, без разлика што им се случува во сегашноста.

Извор: zenskimagazin.mk

Continue Reading

Забава

Дами внимавајте: Доколку ги покажува овие знаци, тој ќе ви го скрши срцето!

Пребрзо зближување

Само што се запознавте, а тој веќе сака да го знае секој детаљ од вашиот живот, од тоа какво детство сте имале до список на вашите поранешни партнери. Но тоа не значи дека е искрено заинтересиран за вас, а најдобро го издава темпото со кое ја споделува својата интима. Доколку само ве испрашува, а за себе не говори ништо, тогаш нешто не е во ред.

Вашето тело не реагира

Понекогаш и вашето тело може да ви испрати сигнали дека тој не е за вас. Некои реакции не можете да ги контролирате, а доколку почувствувате тензија во градите или било каква друга непријатност секој пат кога сте со него, тоа може да биде вроден инстинкт кој ви вели да раскинете со него.

Зборува едно, а прави друго

Доколку неговите зборови не се проследени со дела, тоа е јасен знак дека не можете да му верувате. Доколку забележите дека тој зборува едно, а прави друго, едно е сигурно – вие на крајот ќе останете разочарани.

Непредвидлив е

Прво ве опсипува со комплименти и ви симнува ѕвезди, а потоа два дена подоцна воопшто не ви одговара на вашите пораки и повици? Таквото однесување укажува на маж на кој не можете да се потпрете и кој не ве заслужува бидејќи има големи шанси емотивно да останете повредени.

Continue Reading

Trending