Connect with us

Забава

10 работи поради кои е супер да се биде слободна жена во триесетите!

10 работи поради кои е супер да се биде слободна жена во триесетите!

Жените во триесетите имаат јасен поглед во животот, се чуствуваат посилно, посигурно и посамоуверено поради тоа што научиле многу за работата и љубовта, а за машките да не зборуваме.

Кога ќе погледнете наназад во минатото во своите дваесетти години сигурно ќе си се насмеете на самите себеси.

Сигурно ќе ви биде непријатно за некои глупави работи, некои реченици кои сте ги изговарале на вашиот прв дејт и сл.

Сте одбирале погрешни партнери и своето срце сте го држеле на тацна.

Во триесетите се сосем поинаку.

Сте ја научиле лекцијата, сте ги зилечиле и запекле раните.

Сега е време да бидете попаметни, да престанете да барате веренички прстен и сериозна врска.

Ова е идеално време да се посветите на себе и да научите да се сакате себе си и да се негувате.

Еве зошто е добро да се биде сингл во триесетите.

  1. Можете да се спакувате и да отпатувате каде ќе посакате

Во овие години доколку сте сингл ќе немате кој да ви „попува“ и да ве задржува доколку сакате да прошетате на некое ново место односно каде вие ќе посакате.

  1. Учите од туѓите грешки

Најдобро можете да учите од животите на оние кои живеет поинаку од вас.

Обратете им се на вашите пријатели за совет за врска и учете од нивните грешки кои ги довеле до развод и скапи терапии.

  1. Паметно бирајте со кого ќе испаднете на состанок

Сега е време да успорите. Нема туку така да испаѓате на дејт и да влетувате во нова врска оти тоа требало така да биде.

Свесни сте каква личност сакате покрај себе и нема да трошите време на оние кои не ги исполнуваат тие услови.

  1. Можете подобро да с еповрзете со вашиот круг на пријатели

Пријателите во триесетите се продолжение на фамилијата. Тоа што сте сингл ви дава шанса што повеќе да се фокусирате на пријателите и повеќе време да минете со нив.

  1. Имате време да работите на себе

Без ниту трошка енергија потрошена на врска која пропаѓа, можете да работите на личниот развој.

Да се пријавите на некои нови часови, да пронајдете ново хоби или да направите нешто што отсекогаш сте сакале да го направите.

  1. Можете сами да чекорите по патот кој сте го замислиле

Со малку повеќе пари на сметка и без никој на кој би трошеле, можете да испланирате соло патување на кое ќе правише се она што ќе ви падне на памет.

  1. Имате шанса да биде себични со вашите пари

Погледнете колку имате пари на сметката и смело потрошете де од нив без грижа на совест дека некој ќе ве критикува или било што слично.

  1. Сами изберете ја својата кариера

Во дваесетите сте биле растргани помеѓу работата и љубовта, па затоа и кариерата сте ја занемариле. Да се биде сингл во триесетите може да ви послужи како инспирација за да се посветите на работата и да изградите успешна кариера.

  1. Можете да ги поминувате викендите како вас ви е желба

Ако сакате да останете во кревет цел ден и да не правите апсолутно ништо освен да гледате серија – сега е тоа многу полесно.

  1. Уживајте во љубовта која ја имате спрема себе

Во триесетите се ослободувате од сите кочници.

Препуштете се на љубовта која ја имате спрема себе, поради тоа што да се биде сингл не значи дека немате љубов во себе.

 

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Забава

Најјаката првоаприлска шега досега направена! Реакцијата на нејзиниот татко е непроценлива (ВИДЕО)

Најјаката првоаприлска шега досега направена! Реакцијата на нејзиниот татко е непроценлива (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави вирално видео во кое девојка со име Савана Ајас од Тексас во куќата во која таа живее со семејството, нејзиното момчеја побарало за жена и тоа пред нејзиниот татко.

Ова „запросување“ се случило за први април и всушност е првоаприлска шега на која татко то на девојчето многу добро „наседнува“.

Неговата реакција е она што ја заинтересира целата јавност. Иако да бидеме реални, гледајќи на тоа колку се мали „младите“ па и секој родител би изреагирал на тојначин.

Што е уште поинтересно целиот настан во кој момчето клекнува и ја запросува неговата девојка пред целото нејзино семејство, го снима мајката на девојчето а може да се забележи дека главен кадар е таткото.

Неверување и зачуденост дали ова стварно се случува, е реакцијата на таткото.

На видеото се слуша како мајката бара тој да искоментира нешто но тој буквално е занемен и останат без зборови.

На крајот, сите извикуваат „први април“ односно дека се работи за првоаприлска шега по што сигурно на таткото му олеснило.

Неговата ќерка го објавила видеото на Твитер со порака дека добро го прелажала својот татко.

Целата ситуација која е преточена во видео е прегледана повеќе од 5,5 милиони пати.

Погледнете ја целата ситуација:

Continue Reading

Забава

Секогаш имајте еден од нив покрај вас: Ова се најпозитивните хороскопски знаци кои го сакаат животот!

Една од најтешките работи што човек треба да ја направи е да остане позитивен кога изгледа дека сè околу него се распаѓа. Ова е навистина тешка задача, но овие 3 хороскопски знаци ќе го направат тоа без никакви проблеми.

Овен

Овните се добри луѓе, можат добро да ги пресудат работите и секогаш ги извлекуваат и негативните и позитивните нешта од секоја ситуација. Никогаш нема да ги видите депресивни само затоа што го гледаат животот од својата светла страна. Покрај тоа, повеќето Хороскопски знаци се активни и лесно можат да добијат ендорфини, благодарение на танцување, велосипедизам или други интензивни вежби.

Лав

Позитивизмот на Лавот лежи во фактот дека знаат колку е важно да бидат благодарни за она што го имаат. Тие можат лесно да наведат најмалку 5 работи кои ги прават среќни секој ден. Тие сакаат, понекогаш и премногу, но таа љубов го отвора прозорецот кон светот. Тие се чувствуваат задоволни и корисни кога се вклучуваат во добротворни иницијативи и волонтерски организации.

Близнаци

Близнаците се вечно насмеани и изгледаат навистина среќни. Тајната на нивниот позитивен став кон животот е дека тие се бескрајно отворени за светот. Кога се чувствуваат тажни, сакаат да разговараат со пријателите и брзо ги враќаат на светлата страна на животот. Во принцип, тие гледаат кон иднината со очекување и надеж, без разлика што им се случува во сегашноста.

Извор: zenskimagazin.mk

Continue Reading

Забава

Дами внимавајте: Доколку ги покажува овие знаци, тој ќе ви го скрши срцето!

Пребрзо зближување

Само што се запознавте, а тој веќе сака да го знае секој детаљ од вашиот живот, од тоа какво детство сте имале до список на вашите поранешни партнери. Но тоа не значи дека е искрено заинтересиран за вас, а најдобро го издава темпото со кое ја споделува својата интима. Доколку само ве испрашува, а за себе не говори ништо, тогаш нешто не е во ред.

Вашето тело не реагира

Понекогаш и вашето тело може да ви испрати сигнали дека тој не е за вас. Некои реакции не можете да ги контролирате, а доколку почувствувате тензија во градите или било каква друга непријатност секој пат кога сте со него, тоа може да биде вроден инстинкт кој ви вели да раскинете со него.

Зборува едно, а прави друго

Доколку неговите зборови не се проследени со дела, тоа е јасен знак дека не можете да му верувате. Доколку забележите дека тој зборува едно, а прави друго, едно е сигурно – вие на крајот ќе останете разочарани.

Непредвидлив е

Прво ве опсипува со комплименти и ви симнува ѕвезди, а потоа два дена подоцна воопшто не ви одговара на вашите пораки и повици? Таквото однесување укажува на маж на кој не можете да се потпрете и кој не ве заслужува бидејќи има големи шанси емотивно да останете повредени.

Continue Reading

Trending