3 вистини за сексот кои би требало да ги знае секој маж

Забава

3 вистини за сексот кои би требало да ги знае секој маж…

Вистинските мажи не го прескокнуваат женското задоволство во спалната соба, и знаат дека тоа е клучно за добар сексуален живот на двата партнери.

Чекор 1: Опуштање

Статистиката покажува дека само 11% од жените доживуваат оргазам при првиот секс со партнерот, за разлика од 67% од жените кои постигнуваат оргазам дури после шест месеци врска. Овој податок не ги чуди сексолозите, кои тврдат дека за жените, оргазмот е доживување за кое е најважен нивниот мозок, односно степен на опуштеност кој го чувствуваат со партнерот.

Голем дел од жените имаат некој вид комплекси поврзани со телото, поради кои не можат да се опуштат во спалната соба. Затоа е најважно да ја бомбардирате жената со искрени комплименти и воодушевувања кон нејзиното тело.

Доколку жената инсистира на изгасени светла, послушајте ја нејзината желба, бидејќи така таа ќе се чувствува позаштитено и посигурно.

Долгата предигра со многу мазење и бакнување исто така ќе помогне, а напнатоста ќе се ршеи доколку започнете долга масажа по целото нејзино тело.

Чекор 2: Притискање и допирање на вистинските места

Дури 67% од жените признаваат дека барем еднаш во животот лажирале оргазам. Притоа, 78% од жените го направиле тоа за да го избегнат разожарувањето на партнерот, 47% бидејќи сакале да го направат среќен својот партнер, а 25% од жените бидејќи партнерот не знаел што прави.

Познавањето на женското тело е императив во задоволувањето. Затоа сексолозите напоменуваат дека жените самостојно откриваат работи кои ги палат во текот на мастурбацијата, додека пак мажите констатно се обидуваат да ги дознаат тие работи во текот на предиграта.

Женските ерогени зони се простираат од вратот преку градите, до внатрешната страна на бутовите, па се до ножните прсти, а истите се активираат со нежни допири, стискање, лижење и грицкање.

Чекор 3: Манипулација со клиторисот

Со жестоко стимулирање на средината на клиторисот се создава пријатна појава, која жената ја води кон брзо задоволство. Експертите наместо тоа, препорачуваат нежно истражување на женската внатрешност која вклучува размена на моќни бакнежи околу препоните, клиторисот и истражување со прстите или играчки за возрасни.

Покрај сето ова, важно е правилно да ги изберете сексуалните пози во кои клиторисот е на дофат на рацете, односно оние кои овозможуваат паралелна стимулација на женските ерогени точки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *