8 типови на мажи кои нема да имаат секс во 2018 година

Забава

8 типови на мажи кои нема да имаат секс во 2018 година…

Овие 8 типови на фраери нема да имаат секс во 2018 година. Проверете дали сте еден од нив.

Тип што “мрази” жени

Овој тип не може да биде пристоен кон жените доволно долго ниту да изглуми дека е нормален. Дури и кога е сексот во прашање и навистина сака да се вовлече под кожа или јорган, комплексите избиваат од него. Доколкку овој беден облик на живот успее да има секс, тоа ќе биде со жена која потајно се мрази самата себе. Во споритвно – ќе остане на суво.

ОНОЈ кој секогаш е во право

Знаете на кого мислиме. Тој е секогаш во право и секогаш му попува на некој. Седи во ќошот на журките, не пуши, не пие, не седи на студен бетон. Тој, само што треба да смува некоја риба, ќе и рече “навистина ќе порачуваш десерт? Не си слушнала дека шеќерот не е здрав?”. Океј е да ја советуваш кога сте во врска, но занесувањето на самиот почеток значи крај.

Греалка

Типот кој секој разговор го претвора во кавга. Кога ќе изведе девојка на состанок, таа се чувствува како да е на дебата, а не на дејт. Секоја нејзина изјава мора да ја поклопи, на се има коментар. Доколку спаѓаш во овој тип на мажи, веројатно така реагираш бидејќи си нервозен и не сакаш таа тоа да го види. Сепак, олади малку. Доколку таа сакала да се кара со некој, би заминала кај нејзината баба и би и рекла дека не е гладна.

Стипса

Поканува евојка на пијалок и потоа во сред разговор и најавува дека сметката ќе ја платат по пола. Тој сам, не плаќа. Низ разговор постојано ги споменува зборовите од типот “штедење”, “оскудација”, “буџет”. Една работа е да штеди, друга работа е да штеди на тебе. Чао, здраво.

Измамничко око

Разговара со тебе, а ја манијачи келнерката, случајната минувачка и некоја потполно необјаснива баба што дреме на шанк. Батали го. Тој што нема очи само за тебе, може прстите да си ги зачува за себе.

Арогантен тип

Има огромно его и непријатен е пред сите оние за кои мисли дека се под него. Немој да бидете под него. Во секоја смисла.

Предвидлив тип

Жените ја сакаат динамиката. Затоа “фините” типови често завршуваат дома, со десната рака во панталони. Жените не ги сакаат лошите момчиња затоа што се лоши, туку затоа што се интересни.

Плачкото

Ваквите типови постојано имаат некои потреби, жалби и забелешки. Потребно му е таа постојано да го насочува, да го сака и да го убедува дека врската им е стабилна. Самодовербата и независноста се секси карактеристики кај мажите, несигурноста и зависноста не се. Посебно во почетокот, така што внимателно избирајте во чија прегратка ќе завршите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *