8 Фобии кои звучат смешно, а од кои многумина страдаат

Забава

Зборот фобија многумина го асоцираме со зборот страв, но со цел нешто да потпадне во оваа категорија, значи дека треба да ви пречи во извршување на секојдневните активности.

Во продолжение се неколку фобии кои на некои би им звучеле смешно, а се доста застапени и многумина страдаат од истите:

Кирофобија

Луѓето кои страдаат од кирофобија се плашат од сопствените, а воедно и рацете на другите луѓе. Тие избегнуваат да се држат за рака со својот партнер, а не одат на маникир.

Хипнофобија

Хипнофобија претставува страв од спиење, а се појавува како резултат на смрт во сон.

Глобофобија

Глобофобија пак е страв од безопасни предмети, а верувале или не, таквата личност може да има страв од обичен балон, па се до врата или нешто друго.

Хемофобија

Хемофобија е страв од хемија, која се јавува како резултат на неверување во науката.

Турофобија

Луѓето пак кои страдаат од турофобија доживуваат огромна количина на стрес кога ќе видат сирење.

Номофобија

Номофобија се смета за стравот на 21иот век, а тоа е да го напуштите домот без мобилен телефон и да останете без комуникација.

Хилофобија

Хилфобија е ирационален страв од дрва, а исто како останатите фобии тоа се случува како резултат на трауматизирачка случка во детството.

Аутофобија

Аутофобија е страв од осаменост, а луѓето кои се заземени од овој страв често доживуваат духовна празнина кога се сами, па се обидуваат да работат на некоја активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *